Велика Британија е првата земја во светот што денес започна со имунизација со вакцината на фармацевтската компанија „Астра зенека“ и универзитетот „Оксфорд“.

Вкупно 530.000 дози на вакцината се распределени во шест англиски болници, пренесува „Гардијан“.

Вакцинацијата потоа ќе започне на стотици други места, а британската влада се надева дека десетици милиони дози ќе бидат доставени за неколку месеци.

Минатиот месец, Велика Британија прва во светот започна со вакцинација со вакцината „Фајзер“ и „Бионтек“, која мора да се чува на многу ниски температури.