Плановите за трета, есенска доза на вакцина против ковид-19 ќе бидат познати во следните неколку недели, изјави денеска министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок.

Министерот за здравство изјави дека владата ги чека резултатите од комбинирањето на вакцини, објави „Би-би-си“.

Експертите од Службата за јавно здравје (НХС) и познати британски лекари изјавија дека планирањето за вакцинација со трета, засилена доза, мора да започне веднаш, бидејќи ќе се појават поголеми предизвици.

Експертите велат дека треба да се одговори на голем број прашања, вклучително и колку трае имунитетот од вакцините за коронавирус.

Останува и прашањето дали децата треба да се вакцинираат.

– Во моментов се обидуваме да утврдиме која комбинација на вакцини е најефективна – рече Хенкок.