Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до крајот на април тој ќе достигне 100.000 на ден, по критиките дека не спроведува доволно тестирања.

Мет Хенкок, кој се појави во јавност за првпат по излекувањето од Ковид-19, ја претстави новата британска стратегија за тестирање.

– Сега поставувам цел од 100.000 тестови на ден до крајот на месецов. Тоа е целта и сигурен сум дека ќе го постигнеме тоа – изјавил Хенкок. Во моментов Велика Британија дневно тестира околу 10.000 луѓе.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, кој исто така има коронавирус, на почетокот одлучи да не наметнува остри мерки на населението, па стратегијата беше како во Шведска, стекнување колективен имунитет.

Велика Британија го промени пристапот и воведе мерки, карактеристични за другите европски земји, по проценките дека без рестриктивни мерки од коронавирус би можеле да умрат 250 илјади луѓе.