Британската влада ги прошири овластувањата за националното затворање без многу врева, со што го олесни донесувањето одлуки за можното затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави „Телеграф“.

Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени со коронавирусот не се намалува, пренесува „Ројтерс“.

Тој рече дека мерките ќе останат на сила се додека во Владата не се уверат дека програмата за вакцинација влијае на запирање на ширењето на епидемијата.