Европската комисија објави дека постигнала договор со американската компанија „Гилијад“ за набавка на дополнителни дози за лекување на речиси 3.400 пациенти со лекoт „ремдесивир“.

Во соопштението се наведува дека Брисел постигнал договор со „Гилијад“ на крајот на минатата недела за испорака на речиси 20.300 дополнителни дози кои ќе се користат за 3.400 пациенти за цена од приближно седум милиони евра.

Тоа е додаток за 30.000 дози купени на крајот на јули.

– Во моментот испораките на дополнителните дози се во тек – се потенцира во соопштението.

„Ремдесивир“ и „дексаметазон“ до денес се единствените одобрени лекови против ковид-19 во Европа.