Уредничката на рубриката здравство во британски „Гардијан“, Сара Босили, ги следи неверојатните глобални напори за создавање на ефективна заштита од коронавирусот, при што се обиде да одговори на дел од прашањата што ја преокупираат светската јавност додека се очекуваат резултатите од светската трка за развој на вакцина против ковид-19.

– Напредокот во развојот на вакцина против ковид-19 е исклучително брз. Побрз отколку при развојот на која било претходна вакцина, но светот ќе треба уште да чека на воведување на лекот. Одговорот е дека тој веројатно нема да биде претставен годинава. Следната пролет е поверојатен термин. Нужно е вакцината да биде исклучително безбедна и барем умерено ефективна. За да се осигурат двете цели потребно е големо количество на податоци од клиничките испитувања кои вклучуваат десетици илјади волонтери. Податоците треба да бидат собрани испитани и верификувани од регулатори. А волонтерите треба да бидат во средиштето на заразата, каде постои ризик од инфекција. За жал, станува јасно дека вакцината делува само кога невакцинираните заболуваат, а вакцинираните не заболувааат од вирусот – пишува Босили.

Таа смета дека ќе се појават повеќе лиценцирани вакции до ова време в година.

– Прилично сум уверена дека ќе имаме повеќе лиценцирани вакцини до ова време следната година. Вистинското прашање е дали и колку тие ќе бидат ефективни. Никој од научниците со кои разговарав, вклучувајќи ги и оние што работат на развојот на вакцините, не смета дека ќе имаме нешто што пружа 100-отстотна заштита. Но тоа не значи дека вакцините не се добри. Дури и заштитата за одредени групи на луѓе навистина помага и има ефект, бидејќи тие нема да го шират вирусот – наведува Босили.

Новинарката на „Гардијан“ мисли дека луѓето ќе сакаат да ја примат новата вакцина, тргнувајќи од самата себеси.

– Мислам дека повеќето луѓе ќе се јават за да ја примат. Јас сигурно ќе го сторам тоа. Но ќе има и луѓе кои се нервозни бидејќи тоа е нова вакцина, како и поради одредени несакани ефекти кои се јавуваат откако милиони луѓе се имунизирани, иако се особено ретки. Други, пак, ќе бидат под влијание на движењето против вакцинацијата кое претставува општ термин за голем број на луѓе што се мотивирани против науката и од политиката, со што претпочитаат „природни“ лекови. Но не мора 100 отсто од популацијата да биде вакцинирана за да го сузбиеме вирусот до ниво што ќе овозможи нормално функционирање на животот – заклучува Босили.