Бразил останува една од најголемите светски жаришта на ковид-19 со речиси 350 илјади смртни случаи досега, бројката веднаш зад САД, а сите прогнози навестуваат дека актуелниот бран на нови позитивни и смртни случаи нема да го достигне својот врв уште неколку недели.

Брзото ширење на сојот на коронавирусот кој првпат беше откриен во Бразил предизвикува сериозна загриженост во целиот свет.

Претседателот на државата, Жаир Болсонаро, заедно со Трамп е еден од светските лидери кој минатата година беше исклучително скептичен кон потребата од преземање некакви посебни мерки за справување со пандемијата. Тој упорно ги отфрла и барањата за локдауни и рестриктивни мерки, оценувајќи дека на тој начин народот ќе стане посиромашен.