Здравствениот систем на Бразил е на работ на колапс, а смртноста од коронавирус во оваа јужноамериканска земја постојано расте.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во неделата им се придружи на демонстрантите на уште еден протест против блокадите и рестрикциите.

Градоначалникот на Сао Паоло, Бруно Ковас, предупреди дека здравствениот систем во тој град може многу брзо да се наруши доколку жителите не ги следат упатствата за физичко растојание.

– Градот ја достигнува границата – рече Ковас, предупредувајќи дека девет од десет кревети во одделенијата за интензивна нега се пополнети.

Сепак, од претседателскиот кабинет доаѓа малку поинаква порака. Болсонаро се спротивставува на строгите мерки за физичкото растојание, а протестите, кои тој и самиот ги посетува, станаа редовни.

Си-ен-ен потсетува дека појавувањата на претседателот на јавните собири меѓу приврзаниците станале вообичаени и дека со самото тоа тој ги прекршува мерките за дистанцирање.

Во неделата, Болсонаро се сретна со момци во воени униформи, наводно припадници на армијата и падобранците, па дури и направи неколку склекови со нив.
– Пред сè, луѓето сакаат слобода, тие сакаат демократија, сакаат почит – напиша Болсонаро во прилог на снимка од настанот.

Неодамна, уште еден министер за здравство од Бразил поднесе оставка и тоа во период од само неколку недели.

Нелсон Теич поднесе оставка во петокот, бидејќи се судри со начинот на кој Болсонаро се справува со кризата предизивикана од короавирусот.