Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја врши функцијата.

– Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен. Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот преку видеоконференциска врска – објави Џонсон на Твитер“