Британскиот премиер, Борис Џонсон, веќе не е на одделот за интензивна нега.

Од неговата канцеларија известија дека тој се чувствува многу добро.

– Премиерот е пренесен од одделот за интензивна нега во одделение каде ќе биде внимателно набудуван за време на неговата рана фаза на закрепнување – рече портпаролот на неговата канцеларија за Би-би-си.

Пред три дена, Борис Џонсон, беше префрлен во одделот за интензивна нега во лондонската болница заради влошување на симптомите. Тој доби терапија со кислород, но не беше спроведен на респиратор.