Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот.

„Господинот Џонсон е во стабилна состојба и е добро расположен“ изјави Едвард Аргар, помлад министер за здравство.

Џонсон, кој пред две недели имаше позитивен тест на коронавирус беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата навечер, бидејќи имал висока температура и кашлица, но неговата состојба се влошила во понеделникот и тој беше пренесен во одделот за интензивна нега. Сепак, 55-годишниот Џонсон не беше ставен на вентилатор.