Во Бразил, во последните 24 часа потврдени се 39.483 новозаразени од коронавирус и 1.141 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Со ова, вкупниот број заразени лица се зголеми на 1.228.111, а Бразил е втора земја во светот во однос на бројот на потврдени случаи, по САД, со двојно повеќе заболени од Русија која е на третото место.

Вкупниот број на починати сега е 54.971, а Бразил е втор во светот и по тој параметар.

Претседателот на земјата, Жаир Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата ја доведуваше во прашање сериозноста на коронавирусот, изјави дека смета оти е заразен, иако неговиот тест бил негативен, па најави дека повторно ќе биде тестиран, пренесе агенцијата „Ројтерс“.