Бил Гејтс (лево) и Ворен Бафет

Бил Гејтс се издигна како еден од најважните луѓе во ерата на коронавирусот благодарение на изградбата на фабрики за вакцини, со повиците за масовно тестирање ширум светот, како и со повременото прекорување на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Вокс“.

Но, филантропот периодов се занимава и со нешто друго. Тој бара начин како да ги натера неговите колеги милијардери да донираат повеќе пари за борбата против корона-кризата. Ова би можело да означи промена на улогата што ја игра „Гивинг плеџ“, јавната организација основана пред повеќе од десет години од страна на Гејтс и Ворен Бафет, во која учество земаа некои од најбогатите луѓе на светот. 

Минатите неколку недели, Гејтс и неговите помошници дискутираа за планови за евентуално здружување на добротворните донации од над 200 милијардери и насочување на нивните пари кон кризата предизвикана од коронавирусот. 

Другата идеја која ја понудија цели кон создавањето на „заеднички пазар“ за потрошувачите-потписници на организацијата. 

– Било кој од овие потези би бил нешто ново во однос на улогата што ја имаше тимот на Гејтс, кој долго време не ги притискаше милијардерите за вредноста на донациите, како и брзината со која се донираат. Сега, корона-кризата му пружи шанса на Гејтс да го стави на тест неговиот план – се наведува во написот на „Вокс“.

Се предвидува дека потписниците вклучени во организацијата ќе донираат 500 милијадри долари во добротворни цели. Дури со мало влијание врз нив, тимот на Гејтс би можел да ги натера значително да ја зголемат оваа сума.

Потписниците на организацијата се охрабрувани да донираат во добротворни цели барем половина од нивната нето-вредност, било да е во текот на нивниот животен век, или во нивниот тестамент. Но, ова е само залог, па ништо не ги принудува мегабогатите дека мора да го сторат тоа. Токму тоа е она што ги привлекува милијардерите да станат дел од организацијата, а не прашањата каде и кога парите ќе бидат донирани и употребени. Тие не сакаат да станат дел од група на извршители кои постојано ќе ги тормозат да даваат и помагаат во секое време. 

– Не сакам да ми се проповеда. Ниту пак, јас сакам некому да проповедам – наводно изјавил Бафет кога ги разгледал пораките за претплата на „Гивинг плеџ“, што вклучувало експлицитна молба за донации. 

Токму затоа организацијата со години се бори против стратешките предлози што ќе ги охрабрат донаторите да донираат за одредени проблеми или да финансираат одредени соработки меѓу донаторите. 

Тимот на Гејтс не се обидува да го смени мислењето на одредени донатори за каузите кои ги поддржуваат, како што е борбата на Мајк Блумберг против насилството со оружје, или да го натера Марк Закерберг да го донира богатството посмртно, туку додека тој е жив, идејата е милијардерите заеднички да ги споделуваат и финансираат добротворните организации. 

Некои критичари исто така тврдат дека организацијата веќе неколку години се грижи само за публицитет и слава, отколку да се занимава со филантропија. Според анализите, само еден од шест американски милијардери се потписници на декларацијата на „Гивинг плеџ“ во поново време.

Со настанувањето на корона-кризата, тимот на Гејтс се обидува да ги потсети милијардерите, кои сакаат да донираат, а честопати немаат одредена насока како и каде да го направат тоа. Преку „пазарот“, Гејтс истовремено се обидува да ја освежи програмата на декларацијата на „Гивинг плеџ“ Тука е и контрадикторната порака на декларацијата, на чиј сајт пишува дека „таа не бара поддршка за одредена специфична филантропска фондација, кауза или организација“. Но, борбата со ковид-кризата праќа јасна и чиста порака што во моментов е вистинскиот приоритет. 

Она што би можело да ги здружи милијардерите, е формирањето на „пазарот“, кој би била вклучувал изградба на технолошка платформа, што нуди начини милијардерите меѓусебно да откриваат што тие поддржуваат или што ги поврзува меѓусебно, како и кои проекти навистина имаат финансиска потреба. Доколку еден член види дека друг милијардер поддржува одреден проект, тој би можел да се чувствува посамоуверено и поттикнато да го стори истото. Ваквата соработка досега не беше достапна за потписниците. 

Сега Гејтс истражува како да ги убеди другите милијардери да донираат повеќе за коронавирус, лесно притискајќи со прст на терезијата што долго време не сакаше да ја допре. Преку формирањето на „пазарот“ тој сака да испрати јасна порака до милијардерите каде тие да ги фокусираат нивните донации. Поддржувачите на Гејтс чувствуваа загриженост дека на овој начин ја присилуваат раката на донаторите, но истовремено сметаат дека сега е моментот на ваквата промена во самата нивна организација.