Белгискиот премиер Софи Вајлмес објави детален план за постепено олабавување на рестриктивните мерки во земјата. Според новите правила, првите бизниси што ќе се отворат ќе бидат продавници со текстил на 4 мај, со цел да им се помогне на луѓето да ги почитуваат новите регулативи со кои се бара сите Белгијци на возраст од 12 и повеќе години да носат маски во јавниот превоз. Исто така, индустријата ќе може да продолжи со активност.

Другите продавници ќе се отворат една недела подоцна, но под строги услови.

Училиштата ќе започнат со повторно отворање на 18-ти мај, но нема да биде дозволено повеќе од 10 деца во секоја паралелка и ќе треба да имаат простор најмалку 4 метри.

Кафулињата и рестораните нема да бидат отворени пред 8 јуни.

Како и да е, како што истакна Вајлмес, распоредот сè уште може да се смени доколку епидемијата се влошува. Властите ќе треба на сите да им обезбедуваат маски за заштита од зараза.