Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе ја прими третата доза од вакцината против ковид-19, но ќе чека да биде широко достапна, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Ќе почекаме додека не биде достапна за пошироката јавност, а тоа очекуваме да биде наскоро – рече Псаки.

Бајден за „Еј-би-си њуз“ во август рече дека тој и првата дама Џил Бајден ќе се вакцинираат со трета доза вакцина за зајакнување на имунитетот, откако неговата администрација објави планови дека трета доза ќе биде достапна за возрасните во САД од 20 септември.