Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден изјави дека вакцинацијата против коронавирус во САД нема да биде задолжителна и Американците нема да бидат принудени да ја примаат вакцината.

Во исто време, Националниот центар за контрола и превенција на болести апелираше да се носат заштитни маски на отворено и предупреди дека Соединетите држави влегле во фаза на високо пренесување на вирусот, објави АП.

Во последните 24 часа, во САД се потврдени скоро 225.000 нови случаи на Ковид-19 и повеќе од 2.500 смртни случаи.

Бајден најави дека церемонијата на инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон ќе биде организирана во помал формат, во согласност со епидемиолошката состојба.