Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за вакцините на „Џонсон и Џонсон“.

– Ја гледаме светлината на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна. Постојано повторувам дека сè уште е можно ситуацијата да се влоши со ширењето на новите соеви на коронавирус и сегашниот позитивен тренд во борбата против заразата да се промени – рече американскиот претседател и ги повика Американците да продолжат да ги мијат рацете, да ја одржуваат физичката дистанца и да носат маски.

Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на умерени до тешки форми на ковид-19 и 100 проценти ефективна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да биде фатална.