Извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека е малку веројатно дека вакцините против ковид-19 ќе бидат исто толку ефикасни против новиот сој омикрон како што биле против делта-соевите.

– Мислам дека никаден во светот ефикасноста нема да биде на исто ниво како кај делта-сојот – рече тој, додавајќи дека сите научници се уверени во тоа.

Бансел претходно рече дека испораката на новата вакцина може да потрае неколку месеци, најавувајќи дека за приближно две недели треба да се знае до кој степен постојните вакцини се ефикасни против новиот сој на коронавирус омикрон.