Социјалните собири на повеќе од шест лица ќе бидат забранети во Англија од понеделник поради наглото зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Според британската влада, со измена на законот ќе се забранат поголеми групни собири во затворени простории и на отворено.

Сепак, забраната нема да важи за училиштата, работните места, свадбите, погребите и организираните тимски спортови, кои се сметаат за безбедни од коронавирусот, пренесува Би-би-си.

Британската влада објави дека се потребни нови ограничувања откако бројот на заразени лица достигна скоро 3.000 на дневно ниво во неделата.

Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека новите ограничувања на социјалните собири ќе останат на сила во догледна иднина, додава АП.

Тој додаде дека се надева дека новите правила, заедно со акциите на локално ниво што се преземаат во бројни градови и региони, ќе ја подобрат ситуацијата пред Божиќ.

Прекршителите се соочуваат со казна од 130 долари за првиот прекршок, и може да бидат казнети со парична казна до 4.000 американски долари.

Досега полицијата нема овластување да ги запре собирите на кои учествуваат до 30 лица.

Шкотска, Велс и Северна Ирска досега не воведоа никакви ограничувања.

Во Велика Британија, 35.560 лица биле заразени со коронавирус, додека 41.586 починале како резултат на инфекцијата, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“.