Германската канцеларка Ангела Меркел е во карантин, откако била известена дека доктор кој и ставил превентивна вакцина, бил позитивен на тестот за коронавирус.

Портпаролот на Меркел изјави дека германската канцеларка била информирана за тестот на докторот веднаш по одржувањето на денесшната прес-конференција на која таа најави нови мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Нејзиниот портпарол Штефен Сеиберг изјави дека Меркел во петокот била вакцинирана како претпазливост против пневмонија.

Сеиберт во изјавата рече дека на Меркел (65) ќе и бидат извршени „редовни тестови“ во наредните денови и дека таа ќе продолжи со својата работа од дома засега.