Американската железничка компанија „Амтрак“ ќе бара од патниците да носат маски за лице од следната недела, објавува „Асошиејтед прес“. „Амтрак“ во чевртокот објави дека новите правила ќе стапат во сила в понеделник.

Од патниците ќе се бара да обезбедат сопствено покривање на лицето и да го носат преку носот и устата додека се на станиците, во возовите и во автобусите. Патниците можат да ги отстранат маските на одредени места, кога јадат одредени или седат сами или со придружник. Малите деца се ослободени.

„Амтрак“ веќе ги намали резервациите за 50 отсто за да го промовира социјалното дистанцирање, додека бележи намалување на бројот на патници за повеќе од 90 отсто за време на пандемијата.