Историскиот предлог-закон за итни случаи од два трилионa долари за помош на американската економија и на здравствениот сектор во битката да го спречување на ширењето на коронавирусот е одобрен со големо мнозинство во американскиот сенат.

Законот ќе биде испратен до претседателот Доналд Трамп, кој нагласи дека брзо ќе го потпише, по гласањето во Претставничкиот дом закажано за утре.

Станува збор за најголемиот пакет за економско олеснување во американската историја, чија вредност е еднаква на околу половина од износот на тековниот годишен американски сојузен буџет. Мерките се предвидени по нареденото затворање на голем број на бизниси. Во САД до донеска има потврдени 68.572 заразени од ковид-19 и 1.031 смртен случај од вирусот.