Американските законодавци постигнаа согласност за пакет за спасување на економијата вреден два трилиона американски долари, соопшти Белата куќа.

Економските мерки ќе овозможат директни плаќања на повеќето Американци, ќе ги прошират бенефициите за невработеност и ќе обезбедат програма од 350 милијарди американски долари за малите бизниси.

Болниците се очекува да добијат и до 200 милијарди долари со цел да се справат со очекуваниот бран на заразата.

Деталите за конечниот договор допрва треба да бидат објавени.