Италијанската агенција за лекови (АИФА) денеска ја одобри употребата на вакцината „Астазенека“ против коронавирус за сите возрасни лица, но исто така препорача да се најде друго решение за лица над 55 години.

– АИФА ја одобрува вакцината на „Астразенека“ за да спречи ковид-19 кај лица над 18 години, во согласност со препораките на Европската агенција за лекови – се вели во соопштението, додавајќи дека постои „ниво на несигурност“ во нејзината ефикасност за луѓето над 55 години, според клиничките испитувања.

Одлуката на АИФА доаѓа еден ден откако Европската агенција за лекови даде зелено светло за употреба на вакцината „Астразенека“ за сите возрасни граѓани. Сепак, германските регулаторни тела не ја препорачаа оваа вакцина за лица над 65 години, поради недостиг на податоци за ефектите на вакцината врз оваа возрасна група.