Австрија ги заврши преговорите за набавка на руската вакцина против коронавирус „Спутник в“ и ќе набави милион дози, што ќе помогне да се забрза процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

За набавката на „Спутник в“, Курц на 26 февруари разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а на крајот на март започнаа преговорите со производителот.

Засега не е познато дали Австрија ќе почека Европската медицинска агенција официјално да ја одобри руската вакцина.

Унгарија и Словачка во моментов се единствените членки на Европската Унија кои ја набавиле руската вакцина, но таа не се користи во Словачка, бидејќи сè уште не е одобрена од Националната агенција за лекови.