Масовно тестирање на коронавирус ќе се спроведе во Австрија во два наврати во декември и јануари за да се спречи натамошното затворање, објави денеска владата.
Неколку минутното тестирање може да спречи неколкунеделно затворање на целата земја, рече канцеларот Себастијан Курц во изјавата.

– Ќе може брзо да лоцираме голем број заразени лица и ќе можеме да ги разбиеме синџирите на инфекција – додаде тој.

Нарачани се седум милиони антигени тестови, кои покажуваат резултати за неколку минути, во земјата со 8,9 милиони жители.

Тестирањето ќе започне кај наставници во училиштата и градинките на 5 и 6 декември кога Австрија треба да стави крај на карантинот.Следно ќе бидат тестирани полицајците, а во исто време доброволно ќе се тестира на целото население.