Австрија воведува построги мерки за маски, социјално дистанцирање и јавни собири, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Маските за лице повторно ќе бидат задолжителни во продавниците и училиштата, како што беше случајот пролетва. Маски мора да се носат и во јавниот превоз.

Професионално организирани настани каде што седат посетителите може да се организираат со максимум 1.500 лица во затворено и максимум 3.000 лица на отворено.

Собирите се ограничени на 50 лица во затворени простории и 100 на отворено.

Во угостителството келнерите ќе мора да носат маски, а оброците ќе бидат можни само на масите.

Дневниот број на инфекции се зголемува од крајот на јуни и достигна 644 во четвртокот, што е најголема бројка од крајот на март кога првичното нагло зголемување на инфекциите забави поради воведениот карантин.

– Токму затоа што летото помина добро и луѓето не можат многу да веруваат дека бројките повторно растат, апелирам сите да ја сфатиме ситуацијата сериозно заедно – рече Курц на прес-конференција.