Австралија ќе се придржува кон планот за понатамошно олеснување на мерките за борба со епидемијата на коронавирус, и покрај зголемувањето на бројот на заразени во најнаселената држава Викторија, рече премиерот Скот Морисон.

– Заразата ќе продолжи да избувнува, но важно е да продолжиме да ја зајакнуваме нашата способност за решавање на овие жаришта – им рече Морисон на новинарите на брифингот во главниот град Канбера.

Австралија има распоредено амбуланти и мобилни центри за тестирање низ државата Викторија, откако повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус.