Откако неделава се појавија десетици случаи на коронавус во Јужна Австралија, властите реагираа бргу, воведувајќи ограничување на излегувањето од дома. Маските станаа задолжителни, а рестораните, кафулињата, пабовите и продавниците беа затворени, заедно со училиштата. Потоа беше откриено дека лагата која резултираше со воведување на карантинот во австралиската сојузна држава потекнала од пицерија, пишува „Њујорк тајмс“.

Но надлежните неочекувано ја откажаа одлуката за карантин два дена подоцна, кажувајќи дека еден од заразените „намерно лажел“ членови на тимот за следење на контакти на заразените во Аделаида. Целата приказна се сведе на неговата поврзаност со одредена пицерија. На тој начин, всушност беше откриено оти лагата која резултираше со воведување на карантин потекнала од пицерија.

Се испоставило дека споменатата личност во пицеријата не била посетител, како што им кажал на здравствените работници, туку работел таму хонорарно, а бил и во близок контакт со друг заразен од ковид-19, кој исто така работел во пицеријата. Таквата информација била важна бидејќи надлежните првично стравувале дека вработениот во пицеријата се заразил преку краток престој во ресторанот, што се одразило и врз мерките.

Претставникот на власта на Јужна Австралија, Стивен Маршал, потоа соопштил дека карантинот ќе заврши три дена порано од планираното, откако ги добил новите информации.

Откако одредена жена била тестирана позитивна во болница во Аделаида, здравствените власти откриле дека се заразила од нејзината ќерка која работела како хигиеничарка во хотел користен за карантин за повратниците од странство. Кластерот потоа се проширил на двајца чувари во хотелот, од кои едниот бил хонорарно вработен во споменатата пицерија. Тој лажел при давање информации за контактите, велејќи дека земал нарачка на храна од пицеријата, одбијќи да им каже дека бил во близок контакт со другиот заразен чувар од хотелот. Ваквата приказна ги смени околностите. А доколку тој ја кажел вистината, немало да биде воведен шестдневен карантин. Згора, полицијата била вклучена во идентификување на неговите познаници, што не би било потребно доколку ја кажел вистината. Лицето што ги дало лажните информации нема да се соочи со законски последици.