Ќерката на Путин ја прими првата регистрирана вакцина против ковид-19

703

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против коронавирусот.

Според руската новинска агенција ТАСС, Путин го најави ова на состанокот со членовите на руската влада.

– Колку што знам, првата вакцина против коронавирус во светот е регистрирана утрово – рече Путин.

ТАСС исто така објави дека една од ќерките на Путин била прва што се вакцинирала против коронавирусот.

Изјавата на Путин ја пренесе и АФП.