Јапонија забрани влез на странци порадни новиот вид на коронавирусот

27

Jапонија од денеска до крајот на јануари забрани влез за странски државјани во земјата откако беа регистрирани неколку случаи на новата варијанта на ковид-19, објави јапонското Министерство за надворешни работи.

Јапонските граѓани и странците кои престојуваат во Јапонија ќе можат да влезат во земјата, но ќе треба да бидат во карантин 14 дена по преминувањето на границата, пишува Си-ен-ен.

Јапонските власти во саботата забележаа два нови случаја на инфекција со новиот вид на коронавирусот кај луѓе кои неодамна се вратиле од Велика Британија. Претходно, во петокот беа регистрирани пет патници од Велика Британија со тој вид на вирус.

Експертите веруваат дека новиот вид на ковид-19 настанал во Велика Британија и дека е потенцијално позаразен. По откривањето на оваа нова варијанта, повеќе од 40 земји го ограничија патувањето од Велика Британија.

На пример, од денеска, САД бараат сите патници од Велика Британија да имаат негативен тест за ковид-19, не постар од 72 часа.

Ограничувања од различен степен најавија и европски земји како Данска, Грција, Португалија, Шпанија и Украина.