Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

125

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од пандемијата на коронавирусот.

– Корона обврзниците нема да решат ниту еден проблем, а кој не е можно да се реши со постоечките инструменти – нагласил Шојбле за сајтот на весникот „Цајт“.

Тој вели дека во кризата тие што ги носат одлуките, мораат да се грижат за можните последици.

– Тоа со заедничко задолжување веќе нема да биде случај. Со тоа Европа нема да биде посилна, туку послаба – оценува германскиот претседател на Бундестагот.

Италија, Шпанија, а сега и Франција, ја повикуваат ЕУ на заедничко задолжување во совладување на последиците од пандемијата.

Германија, но и Австрија на тоа катогирчно се противат, што во медиумите на погодените земји, се оцунва како недостиг на солидарност.