Шенжен е прв кинески град кој забрани јадење на кучиња и мачки

97

Шенжен е првиот град во Кина кој забрани продажба и консумирање на месо од кучиња и мачки. Ова следи по избивање на пандемијата на коронавирус, кој е поврзан со консумирање месо од диви животни, поради што кинеските власти забранија продажба и консумирање и на диви животни.

Новиот закон во Шенжен стапува на сила на 1 мај, објави Би-би-си.

Ширум Азија годишно се консумираат 30 милиони кучиња, соопшти организацијата за заштита на животни „Хјуман сосајати интернешнл“ (ХСИ)

Но, јадењето на месо од куче во Кина не е толку често. Повеќето Кинези никогаш не јаделе кучешко месо.

– Кучињата и мачките како домашни миленичиња воспоставија многу поблизок однос со луѓето од останатите животни, а забраната за консумирање кучиња и мачки и други домашни миленичиња е вообичаена пракса во развиените земји како Хонгконг и Тајван. Забраната е во духот и на човечката цивилизација – рекле властите во Шенжен.