Шведски епидемиолог жали за бројот на стари лица што починале од ковид-19

410

Главниот шведски епидемиолог рече дека длабоко жали што потфрлила заштитата на домовите за стари и изнемоштени лица од коронавирусот и за големиот број смртни случаи.

– Веројатно мислевме дека нашето општество кое е раздвоено по старосни категории ќе ни овозможи да избегнеме ситуација како во Италија, каде што различни генерации честопати живеат заедно, но тоа се покажа како неточно – рече Андерс Тегнел, епидемиолог во шведската агенција за јавно здравје.

– Стапката на морталитет на која сме сведоци во Шведска е ужасна и требаше да се избегне – рекол тој во радио емисијата „Самер“.

Тегнел беше главен епидемиолог и креатор на шведската стратегија за борба против вирусот, која ја опиша како „класична“.

– И покрај напорите, шведскиот здравствен систем успеа да се справи со пандемијата – смета 64-годишниот епидемиолог.

Шведска презеде поблаг пристап во борбата против вирусот во споредба со другите земји во Европа.