Црн рекорд во Романија: Над 2.000 заразени во еден ден

58

Романија го забележа најголемиот дневен пораст на случаи на коронавирус, уште од појавата на пандемијата во земјата кон крајот на февруари.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.158 нови инфекции, така што вкупниот број на заразени сега е над 128.000.

Романија, земја со повеќе од 19 милиони жители, досега потврди повеќе од 4.800 смртни случаи поврзани со вирусот.