Холандија воведува полициски час првпат по Втората светска војна

58

Холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, изјави дека сака да го спречи третиот бран на коронавирусот поради што ќе се воведе полициски час од 20.30 до 4.30 часот наутро. Ова е првпат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.

Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија „Нос“. Тој додаде дека за време на полицискиот час движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.

Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.