Хајко Мас во карантин

92

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има ковид-19.

Иако првиот тест на министерот покажа дека Мас е негативен, тој ја откажа планираната посета на Јордан, се наведува во соопштението на германското министерство, пренесува „Ројтерс“.

– Министерот за надворешни работи, Мас, беше ставен во карантин бидејќи член на неговото обезбедување беше заразен со ковид-19 – се додава во соопштението.

Веста за Мас следуваше само еден ден по одложувањето на средбата на лидерите на ЕУ бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е во карантин поради контакт со лице заразено од коронавирус.