Франција и Германија повикаа на прекин на огнот во Донбас во услови на пандемија на ковид-19

48

Страните на конфликтот во источна Украина треба да го положат оружјето и да го следат повикот за прекин на огнот од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочија во заедничко соопштение министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, пренесува ТАСС.

– Што се однесува до конфликтот во Украина, Франција и Германија ги повикуваат сите страни да бидат свесни за својата одговорност поради големата закана за здравјето на луѓето.

Ги повикуваме сите страни да го послушаат повикот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за глобален прекин на огнот поради пандемијата на ковид-19 – се вели во соопштението.

Германија и Франција, исто така, ги повикаа страните да обезбедат непречен пристап до набљудувачката мисија и да ги почитуваат постигнатите договори на Самитот на Нормандиската четворка во Париз.