„Фајзер“ ja пријави вакцината за одобрување во Европа

42

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ штотуку ја пријави вакцината што ја произведе во соработка со германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“ за условно одобрување oд Европската медицинска агенција, објави германската агенција ДПА.

„Фајзер“ сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината. „Фајзер“ и „Бајоентек“ соопштија дека добиле потврда за апликацијата откако вчера побарале одобрение од ЕМА.

Тоа го става „Фајзер“ рамо до рамо со фармацевтската компанија „Модерна“, која исто така побара одобрение од EMA за вакцина против ковид-19.

Лидерот на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека тоа е уште еден клучен чекор во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирус.

Клиничките испитувања покажаа дека вакцината на тврди „Фајзер“ има 95 отсто ефикасност.