Фаучи може да здивне

194
Ентони Фаучи

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи вчера зборуваше за „чувството на слобода“ и можноста да ја истакнува научната вистина за коронавирусот без страв од „последици“ од Доналд Трамп, пишува „Гардијан“.

Директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести имаше тежок однос со поранешниот американски претседател поради што честопати беше оневозможен да зборува на пресконференциите поврзани со пандемијата.

Но Фаучи вчера се врати на подиумот на Белата куќа откако новоизбраниот претседател Џо Бајден ја објави националната стратегија за ковид-19 и потпиша 10 извршни наредби за борбата против пандемијата.

 – Едно од нештата кои ќе ги сториме, е да бидеме потполно транспарентни, отворени и искрени. Ако работите тргнат лошо, да не вперуваме прсти, туку да ги исправиме. А се да биде врз осноа на науката и доказите – им кажа Фаучи на новинарите, повикувајќи се на разговор што го имал со Бајден.

Фаучи и другите претставници на надлежните здравствени служби беа принудени да чекорат по тенка линија додека Трамп ги користеше пресконференциите за коронавирусот да ја ублажи сериозноста на ситуацијата, да промовира чудотворни лекови и да постигнува политички поени, наведува „Гардијан“.

 – Јасно е дека имеше некои работи кои тој ги кажа, на пример, во врска со лекот хидроксихлорокин и слично, кои беа многу непријатни, затоа што не беа засновани врз научни факти. Не ми причнува задоволство што сум во ситуација да бидам контрадиктен кон претседателот, па имав чувство дека не можев да кажам нешто без да има реперкусии – објасни Фаучи, опишувајќи го односот со Трамп.

Фаучи истакна дека новиот тим за борба против ковид-19 работи на забрзување на процесот на вакцинација.