Унгарија ја откажа прославата на националниот празник поради коронавирусот

26

Унгарија ги откажа прославите и огнометот закажани за националниот празник на 20 август поради пандемијата на коронавирус, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гулијас.

Унгарија ги укина повеќето ограничувања што ги воведе за да го спречи ширењето на коронавирусот во мај. Концерти и фестивали на кои има повеќе од 500 луѓе нема да можат да се одржуваат до 15 август.

На прославата на 20 август обично присуствуваат десетици илјади луѓе во Будимпешта.

– Бројот на заразени лица постојано опаѓа од почетокот на мај. Мерките што ги воведовме се добри и не треба да ризикуваме – рече Гулијас.

Tој додаде дека владата ќе одлучи кон крајот на јули дали ќе дозволи да се одржуваат големи настани од втората половина на август.

Унгарија во неделата најави нови ограничувања на граничните премини, додека случаите на инфекција растат во некои соседни земји, како и на Балканот. Случаите на активно заразени опаѓаат од мај.

Унгарија, која има население од околу 10 милиони, има пријавено 4.279 случаи на зараза со ковид-19 и 595 смртни случаи.