Уапсен Германец кој ги лижел држачите и машините за билети во метрото во Минхен

131

Еден 33-годишник во Минхен, Германија, кој тврдел дека е позитивен на вирусот ковид-19, е уапсен откако се снимил како ги лиже оградите, држачите и машините за билети во метрото во градот, пренесува „Билд“.

Германецот објавил видео од својот „потфат“ на социјалните мрежи како дел од т.н.  „Корона предизвик“ на Инстаграм, а видеото било објавено и на Твитер, но подоцна е отстрането.

Уапсениот бил виден како го лиже екранот на допир на машината за билети, и потоа продолжува да ги  држачите во еден од вагоните на подземната железница, рачката во лифтот, а потоа и банкнота од пет евра. Тој набрзо бил уапсен од полицијата во Минхен и сега е под истрага.

Портпаролот на полицијата изјави дека уапсениот бил тестиран за коронавирус, но не образложи дали тестот бил позитивен или негативен.

Германецот не е единствениот што се вклучи во „Корона предизвикот“. Американскиот Инстаграм-модел и Тик Ток-персоналити, Ава Луиз, исто така сними видео како лиже тоалет во авион на лет кон Мајами.