Трговската војна за вакцините ја соочува ЕУ со идентитетска криза

180

Европа има три дена за да одлучи колку жестока ќе биде во глобалната борба за рестрикција на извозот на вакцини, пишува „Политико“.

Бесни поради недоставувањето на ветените дози вакцини од страна на „Астра зенека“, европските лидери ја разгледуваат можноста за рестрикции на извозот за вакцини против коронавирус во ЕУ, со што Брисел вети усвојување на механизам до крајот на неделава.

Главното прашање е колку далеку ќе досегне механизмот на ЕУ. Со таквата дилема сега се соочени еврократите во Брисел, наспроти националните политичари кои пак, се соочуваат со зголеменото незадоволство на народот поради неуспешната кампњата за вакцинација на ЕУ, во споредба со САД, Велика Британија и со Израел.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е меѓу оние кои се залагаат за рестрикции на извозот во ЕУ, но ваквата практика би била во спротивност со политиката на Унијата која се заснова врз слободна трговија. Се проценува дека воведувањето на рестрикциите би можело да ги влоши и односите со сојузниците и соседите на ЕУ кои зависат од вакцините произведени во европскиот блок.

Минатата пролет Германија и Франција го блокираа извозот на маски надвор од нивните граици. Стравувајќи од уривањето на принципите на единечниот пазар, Европската комисија јавно повика на укинувањето на рестрикциите, но Берлин се согласи да ги укине само откако Комисијата го ограничи извозот надвор од ЕУ.

Експертите и законодавците во ЕУ предупредија дека какви било рестрикции на извозот би можеле да ескалираат во отворена трговска војна за снабдувањето со вакцини. Во таков случај со голема опасност се соочуваат синџирите за снабдување со вакцини. А се проценува и дека рестрикциите би можеле да имаат глобален домино-ефект.