Трамп ја напушта Белата куќа по еден месец во карантин

105

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат откако е во карантин ќе ја напушти Белата куќа и ќе отпатува во Кемп Дејвид на краток одмор.

Трамп не ја напуштил Белата куќа од 28 март, кога го посети Норфолок во Вирџинија, а овој пат, долг 90 километри, најавен е во претседателскиот дневен распоред доцна синоќа, соопшти Би-би-си.

Од Белата куќа не е соопштено колку ќе се задржи Трамп во претседателската вила, која се наоѓа на околу стотина километри северозападно од Вашингтон, во планинскиот парк Кароктин, во близина на градчето Тармонт во сојузната држава Мериленд.