Тестот на Ангела Меркел негативен на коронавирус

147

Германската канцеларка Ангела Меркел беше тестирана на коронавирус и анализите се негативни. Меркел беше тестирана кога беше утврдено дека била во контакт со лекар кој е заразен од опасниот вирус.

Таа од вчера беше во карантин кога била известена дека докторот што ѝ ставил превентивна вакцина бил позитивен на тестот на коронавирус.