Сѐ уште не е достигнат врвот на епидемијата во Германија

131

Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Хелге Браун денеска предупреди дека врвот на кризата предизвикана од коронавирусот во Германија сѐ уште не е достигнат.

Времето со најголем број инфицирани следи допрва, рекол Браун и додал дека задачата на владата да се подготви за најтешкиот дел од оваа криза.

Според неговите мислења, мерило за продолжување на рестриктивните мерки, кои се воведени за сузбивање на епидемијата, е колку помалку луѓе се инфицирале во ист временски период.

Пред почетокот на примената на актуелните мерки, бројот на инфицирани беше удвоен на секои три дена.

Тој предупредува дека за да не се оптерети здравствениот систем неопходно е времето на удвојување се зголеми на повеќе од десет дена.

– Најверојатно на 12 или 14 дена – додал Браун.

Тој нагласил дека сега е најважно да се спречи заболување на медицинскиот персонал.

– Сега е најважно тоа да го спречиме, затоа сега економијата е еден голем чекор зад тоа – вели Браун.