Судот во Каталонија го забрани карантинот во Леида

68

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои живеат во градот Леида и околината, каде последните неколку дена има нагло зголемување на заразата со коронавирус.

Претседателката на судскиот совет, Елена Гарсија Муњоз изјави дека нема да го одобри воведувањето карантин, со образложение дека за тоа е неопходна согласност од Владата на Шпанија, пренесува „Политико“.

Таа изрази сомневање дека строгиот карантин е пропорционален одговор, особено поради фактот дека тој е неопределен, што може да има сериозни последици.

И јавниот обвинител во Леида се изјасни против целосната забрана за движење, и тој поднесе жалба поради одлуката на Владата на Каталонија да воведе карантин во седум општини во регионот на Сегрија.

Жителите на Леида и неговата околина не се во можност да патуваат надвор од областа од 4 јули, а судот денес не ја оспори таа одлука.Пред да биде донесена судската одлука, претседателот на Каталонија, Ким Тора, рече дека требало да се донесе тешка одлука врз основа на епидемиолошки податоци и мислење на експертите.