Судбината на Гвајакил е загрижувачко предупредување за светот

1058

Справувањето со телата на починатите претставува критичен проблем за еквадорски Гвајакил, поради надминувањето на капацитетите на гробиштата и мртовечниците, како и преголемата зафатеност на здравствените работници во средиштето на заразата во јужноамериканската држава, пренесуваат светските медиуми.

Судбината на Гвајакил претставува загрижувачко предупредување за светот, бидејќи вирусот се шири наспроти високите температури во градот кои се движеа од 24 до 34 Целзиусови степени во март, како и во досегашниот тек од месецов.

Дел од експерите се надеваа дека претстојното зголемување на температурите би можело да го забави ширењето на вирусот во Европа и во САД, но примерот на Гвајакил го сугерира спротивното.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено претходно истакна оти стравува дека бројот на смртни случаи во Гвајакил и околината „би можел да достигне 3.500“.

Во Еквадор до денеска има 3.747 заразени, 100 излекувани и 191 смртен случај од коронавирус според официјалната статистика.