Со едноминутно молчење Шпанија оддаде почит за жртвите од коронавирусот

60

Со едноминутно молчење во Шпанија денеска беше оддадена почест на жртвите од коронавирусот.

На првиот ден од десетдневната жалост, граѓаните оддадоа почит на жртвите и од автомобилите, кои застанаа на улиците, пренесува Си-ен-ен.

Членовите на Парламентот ја прекинаа седницата, а пред својата палата излегоа и членовите на кралското семејство.

Десетдневната жалост во Шпанија ќе трае до 5 јуни.