Со едноминутно молчење и знамиња на половина копја, Италија оддаде почит на жртвите на коронавирусот

88

Италија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и знамиња на половина копје, и се заблагодари на медицинскиот и друг персонал што се бори против пандемијата во земјата која е најтешко погодена од ковид-19.

На римскиот Капитол, градоначалничката на италијанската престолнина, Вирџинија Раги, која носеше тробојна шамија во боите на италијанското знаме, зборуваше за „раната на целата земја“. „Ќе излеземе од ова заедно“ вети таа.

– Ова е наш начин, да се потсетиме на жртвите и да оддадеме почит на посветеноста и ангажманот на медицинскиот персонал – се вели во изјавата за градоначалникот на Бари, Антонио Декаро.

Иницијативата беше покрената од претседателот на округот Бергамо, Џанфранко Гафорели, еден од најпогодените од пандемијата на коронавирус, со кој се заразија повеќе од 100.000 луѓе во Италија, а починаа скоро 11.600.

Во знак на солидарност со Италија, Ватикан исто така стави знамиња на половина копја за да ја покаже својата блискост со жртвите на пандемијата во Италија и во светот, со нивните семејства и оние кои великодушно се борат да го прекинат тоа, се вели во соопштението на Ватикан.